​Голем пожар кај кичевските села Челопејци и Миокази

Денеска, околу 14:00 часот, избувна голем пожар помеѓу кичевските села Челопејци и Миокази, во атарот на Вранештица.

​На терен, со пожарот се борат 35 војници на АРМ со три возила тип „пинц-гауер“, како и два хеликоптери на МВР и еден хеликоптер на АРМ.

​Во гаснењето се вклучени и две возила од Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, како и дополнителна копнена поддршка.