Горан Герасимовски го претстави тимот за урбанизам: Хуман развој со повеќе зеленило и паркинзи

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, го претстави новиот тим на Комисијата за урбанизам, составен од врвни архитекти и експерти, кои ќе работат на современи и одржливи решенија за општината.

​Членови на тимот се:

  • ​Танкица Христова Спасовска
  • ​м-р Биљана Насковиќ
  • ​м-р Дамјан Цингарски
  • ​Александра Марсениќ Крајчески
  • ​Ана Лукиќ Коробар
  • ​д-р Маја Лазаревска
  • ​проф. д-р Митко Хаџи-Пуља

​Герасимовски истакна дека тимот работи на планови за хуман развој и одржлива урбанизација, со фокус на следниве точки:

  • ​Деталните урбанистички планови за Буњаковец и Дебар Маало предвидуваат зголемување на зелените површини, враќање на парковите на граѓаните и проширување на дрворедите.
  • ​Се работи на изградба на подземни паркинзи и уредување на велосипедски патеки. Воведени се нови правила за градба, според кои секоја дозвола мора да предвидува паркинг-места за велосипеди, а механизираните системи за паркирање се ограничени.
  • ​Се сопира злоупотребата на рамните кровови како тераси и се воведуваат построги правила за оградување на градилиштата.
  • ​Прифатена е иницијативата за конфискација и пренамена на бесправно изградени објекти.

​Градоначалникот нагласи дека општината работи транспарентно и инклузивно, со активно учество на граѓаните и стручната јавност во процесот на донесување на урбанистичките планови. Исто така, додаде дека Општина Центар инвестира во реконструкција на постари станбени згради за да станат енергетски поефикасни.