Горан Трајковски: Аманетот од борците е да продолжиме да се бориме за подобар живот и просперитетна Кисела Вода

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од СДСМ, Горан Трајковски, го честиташе 11 Октомври – Денот на народното востание, истакнувајќи дека денешната борба е за правда и просперитетна општина, градена врз темелите на антифашистичката борба.

​Трајковски, заедно со партиски соработници, положи свежо цвеќе на споменикот на Цветан Димов, оддавајќи почит на сите кои ги вградија своите животи за слобода и независност.

​„Нивната храброст не е само историја, туку аманет. Аманет да продолжиме да се бориме – денес за подобар живот, за правда, за просперитетна општина и држава, каде секој граѓанин ќе ја чувствува слободата,“ порача Трајковски.

​Тој нагласи дека 11 Октомври е темелот на македонската државност и дека должност на новата генерација е да ја гради иднината што ја сонувале борците.

​„Со заеднички сили, да ја направиме нашата општина место за кое ќе бидат горди. Време е за востание на разумот!“, заклучи кандидатот за градоначалник.