Горан Трајковски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода од СДСМ, во интервју за Либертас зборуваше за мотивацијата да влезе во трката, личната врска со општината, визијата за локалната самоуправа и предизвиците што го очекуваат. Пренесуваме искрен разговор за минатото, но и неговиот план за иднината на Кисела Вода – една поинаква, поправедна и пофункционална општина.
Господине Трајковски, зошто токму сега?
Да, не бегајќи од реалноста, ова не е најудобен политички момент за СДСМ. Но токму затоа – прифатив. Верувам дека борбата треба да се води кога е тешко, а не само кога е лесно и е однапред извесен епилогот. И убеден сум дека без оглед на општите политички прилики, граѓаните ќе ја препознаат мојата искреност и визија и ќе ми ја дадат довербата за заедно да отпочнеме ново поглавје за Кисела Вода. Кога поддршката е ниска, а недовербата во системот висока, време е да покажеме луѓе со став, со интегритет, со желба да работат, и да покажат резултат, а не да калкулираат. Мојата мотивација не е партиска кариера, ниту некакво политичко афирмирање во иднина, целосно сум растеретен од тој аспект. Сметам дека Општина Кисела Вода може и мора да биде далеку поубава и поперспективна за своите жители и сметам дека имам знаење, визија и енергија како тоа да го постигнам. На крајот на краиштата сите ние, жителите на Кисела Вода и нашите деца и внуци, заслужуваме да живееме во чиста и пристојна средина, со локална власт која е сервис за базичните потреби на своите граѓани. Тоа не е нереално барање, сосем напротив, целосно заслужено и нужно. Граѓаните не смее да се задоволуваат единствено со пи-ар, музички хепенинзи и неисполнети ветувања, како досега, туку со реални резултати кој одговараат на потребите на нивното секојдневие во Општината.
Целосното интервју на кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода Горан Трајковски-Штраус прочитајте го на ЛИБЕРТАС.