Горан Трајковски – Штраус: Целосна реконструкција на улиците и нови мрежи за населбата „11 Октомври – Бараки“

Кандидатот за градоначалник на Општина Кисела Вода од СДСМ, Горан Трајковски, ја истакна населбата „11 Октомври – Бараки“ како клучен фокус во неговиот план за промени, ветувајќи трајни решенија за запоставеноста на населбата.

​„Доста е од запоставеност и стари мрежи. Време е за трајни решенија!“, порача Трајковски.

​Неговиот план за населбата „11 Октомври – Бараки“ вклучува:

  • ​Целосна реконструкција на сите улици.
  • ​Замена на застарената водоводна мрежа и приклучување на централно градско греење.
  • ​Континуирано чистење и собирање отпад и одржување на јавните површини и постојните паркови.
  • ​Поставување мерна станица за квалитет на воздухот.
  • ​Реновирање на постојните спортски игралишта и поставување нова урбана опрема.

​Трајковски ги повика граѓаните на 19-ти Октомври да гласаат за бројот 5, под мотото: „СЕ БОРИМЕ ЗА НАШИОТ ДОМ!“