Основното јавно обвинителство Гостивар денеска информира дека се издадени повеќе наредби со цел откривање на сторителите кои вчера извршија вооружен грабеж во златара, во близина на малиот пазар во градот.
Разбојништвото се случило вчера попладне, а случајот во полиција бил пријавен во 18:45 часот.
Според првичните информации, разбојништвото го извршиле четворица маскирани лица, кои биле вооружени со автоматско оружје. По извршениот грабеж, тие побегнале со возило БМВ кое било без регистарски таблички.
Обвинителството во текот на ноќта и утринава ги презема сите потребни мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.