Градоначалникот Герасимовски бара предлози од граѓанските организации за советничката листа

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на состанок со претставници од граѓанскиот сектор, побара од нив да предложат кандидат за советник кој ќе ги застапува интересите на граѓаните во новиот општински совет.

​„Општината треба да биде на граѓаните, а не на партиите“

​Герасимовски нагласи дека сака да формира советничка листа која ќе биде составена не само од партиски членови, туку и од претставници на невладини организации и здруженија.

​„Сакаме да вклучиме што повеќе луѓе од различни позиции, од невладини организации, од здруженија, за да дадат свој допринос во начинот на функционирање и креирање на политиките на општината“, рече Герасимовски.

​Тој додаде дека досегашниот совет функционирал одлично, прифаќајќи ги сите добри проекти и идеи, без разлика од која политичка партија потекнуваат, со цел да се подобрат условите за живот на граѓаните.