Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, им оддаде признание на најдобрите наставници, воспитувачи и негователи во општината за нивниот придонес во образованието и воспитувањето на младите генерации.
Наградите, доделени од Советот на Општина Прилеп, се врз основа на јавно објавен повик.
Добитници на признанијата се:
- Даниела Наумоска – најдобар наставник од основно образование (одделенска настава)
- Билјана Андрееска Георгиеска – најдобар наставник од основно образование (предметна настава)
- Емилија Хаџи Ристеска – најдобар воспитувач
- Анета Мерипушкоска – најдобар неговател
Јовчески изјави дека овие признанија се симболична награда за нивниот труд, додека вистинската награда е љубовта и благодарноста на децата и родителите. Тој истакна дека Општина Прилеп секогаш ќе биде сојузник и поддршка на просветните работници.