Некогаш, брат, Скопје знаеше да има душа. Не онаа инстаграм-душа со филтри и фејк насмевки. Туку вистинска улична вибрација, кај што секој спрат во некој подрум криеше бенд што свиреше од срце, а не за лајкови. Андерграунд сцената не беше стил, туку став. Не беше брендирано, туку димено, испотено и искрено.
А денес? Денес сите се културтреш моралисти на Wi-Fi. Сите знаат што е право, ама само додека не им го одземе некој нов тренд. “Ова не е уметност”, ќе ти рече некој што вчера пушташе Тијана Дапчевиќ и мислеше дека рап е оној со патика од „Нике“ во римата. Сите сега се woke, само додека не им падне девојка со „полче“ шминка, тренерки од „Џамп“ и тука негде – моралот завршува, а почнува стори.
Генерации изгубени во препечени селфија и полуиспрани идеали. Момци што купуваат став од ТикТок, девојки што продаваат душа за едно често мени во некој од тие фејк „култни“ локали. Местата што порано беа скривалишта на таленти, сега се катчиња за егзибиционисти со фото сесија и со шанкер шо знае кој е “инфлуенсер”, ама не и кој е Игор Воробјов.
А бе луѓе, каде исчезнаа муабетите на ќоше со евтина пивка и длабоки теми? Каде отиде звукот на вистинскиот отпор? Сега сите бегаат од себе, скриени зад лајкови и демек-високи стандарди. Дај, ајде не се лажеме. И ти што читаш ова, знаеш дека еднаш барем си седнал во кафич што мириса на лажен бетон и дизајнерска празнина, за да изгледаш кул за тие 24 саати на стори.
Скопје си го претворивме во маскарада. Уметноста е у гето, срцето е у архива, а искреноста ја заменивме со филтрирани животи. Ама знаеш што? Ќе дојде време пак, кога вистинскиот звук ќе се врати од подрумот, кога некој нов клинец ќе земе гитара или ќе римува на бит што не звучи ко реклама за енергетско. Ќе дојде време на оние што уште не се продале, што уште го бараат битот под асфалтот.
До тогаш, терај си го селфи животот, ама не се чудиш што Скопје изгледа ко сцена од лошо сниман реп видео. Затоа што андерграундот не умре — вие го избркавте. За еден лајк плус.
Пишува: Андреграутовски