​Град Скопје организира јавна дискусија за новиот ГУП: На дневен ред градските четврти од Ѓорче Петров

Во рамките на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план (ГУП) 2022-2032 година, Градот Скопје денеска организира јавна дискусија за пет градски четврти лоцирани во Општина Ѓорче Петров. Целта е да се вклучат граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот.

​Јавната дискусија ќе се одржи во салата на Град Скопје (барака 13) според следниот распоред:

​Градска четврт „СЗ 08“: од 9:00 до 10:00 часот

​Градска четврт „СЗ 15“: од 10:00 до 11:00 часот

​Градска четврт „СЗ 16“: од 11:00 до 12:00 часот

​Градска четврт „СЗ 18“: од 12:00 до 13:00 часот

​Градска четврт „СЗ 17“: од 13:00 до 14:00 часот

​Граѓаните имаат можност да ги дадат своите предлози, мислења и забелешки не само за време на дискусијата, туку и писмено во архивата на Град Скопје (барака 16) или електронски на адресата gup@skopje.gov.mk.

​Градот Скопје ги повикува сите заинтересирани граѓани активно да се вклучат во овој процес од јавен интерес, со цел заеднички да се дефинираат идните урбанистички решенија.

​Границите на четвртите се следниве:

​СЗ 08: Североисток: Булевар „Илинден“, Југоисток: улица „Црногорска“, Југозапад: улица „Лука Геров“, Северозапад: улица „Лепенец“.

​СЗ 15: Север: Булевар „Партизански Одреди“, Исток: улица „Ѓорче Петров“, Југ: улица „Ѓорче Петров“, Запад: Булевар „Македонска Војска“.

​СЗ 16: Север: Булевар „Илинден“, Исток: улица „Ацо Шопов“, Југ: Булевар „Партизански Одреди“, Запад: улица „Црногорска“.

​СЗ 17: Североисток: река Лепенец, Југоисток: река Вардар, Југозапад: Булевар „Илинден“, Северозапад: улица „Словенечка“.

​СЗ 18: Исток: улица „Фјодор Достоевски“, Југоисток: улица „Ацо Шопов“, Запад: улица „Ацо Шопов“, Север: Булевар „Илинден“.