Гризман го прослави 200. гол за Атлетико во нова „петарда“ против Ајнтрахт

Фудбалерите на Атлетико Мадрид продолжуваат со неверојатната голгетерска форма, откако во интервал од само три дена, вторпат „пукнаа“ петарда во мрежата на противникот. По победата од 5:2 над Реал во градското дерби, синоќа со пет гола во мрежата стадионот „Метрополитано“ го напуштија и фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт (5:1) во Лигата на шампионите.

​Натпреварот ќе остане посебно запаметен за Антоан Гризман.

​Францускиот ас, во финишот на првото полувреме, ја претвори асистенцијата на Хулијан Алварез во гол за 3:0. Овој погодок беше негов 200-ти гол во кариерата во дресот на Атлетико Мадрид.

​Веднаш по постигнувањето на јубилејниот гол, Гризман го крена својот дрес со бројот 200, а целиот стадион стана на нозе за да му оддаде почит на својот херој. Овој момент ја потврди нераскинливата врска помеѓу францускиот напаѓач и навивачите на „јорганџиите“.

​Гризман во Атлетико пристигна во 2014 година од Реал Сосиедад. Иако во 2019 година замина во Барселона, тој по само две сезони се врати во Мадрид и минатото лето го продолжи договорот за уште една се зона.