Данела Арсовска со остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ/ВЛЕН: Нека ви се честито дивоградбите и хаосот со ѓубрето

​Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ВЛЕН, обвинувајќи ги за хаос со ѓубрето, дивоградби и криминал во јавните претпријатија. Таа тврди дека владејачката коалиција намерно го создава хаосот со ѓубрето за да го крие криминалот и да продолжи со дивоградбите.

​Арсовска во својата објава им честиташе на опонентите за „дивоградбите“ и го оспори интегритетот на раководството на ЈП „Комунална хигиена“.

​„За ѓубрето низ Скопје нека се обрати кај претседателката на Управен Одбор на Комунална Хигиена, Јулијана Спировска од ВМРО која е правосилно осуден криминалец за 2 (две) кривични дела и истата го УПРАВУВА ѓубрето и КХС веќе 4 години“, пишува Арсовска.

​Таа ја доведе во прашање најавата за чистење на сметот за 72 часа, тврдејќи дека тоа се прави од инает и за да се сокријат другите проблеми.

​„Нормално дечко дека ќе го исчистите, затоа што од инат го правите хаосот, ти кога ќе дојдеш да си многу успешен и способен за 72 часа со чистење ѓубре, ЗА ДА МОЖЕШ НА ВИСТИНСКОТО ЃУБРЕ ДА МУ ГО КРИЕШ КРИМИНАЛОТ И ДА СИ ПРОДОЛЖИТЕ СО ДИВОГРАДБИТЕ“, нагласи Арсовска.

​Градоначалничката потсети дека ВМРО-ДПМНЕ/ВЛЕН се власт во Град Скопје веќе четири години, посочувајќи ги следниве обвинувања:

  • ​ВМРО/ВЛЕН можеа сѐ да изгласаат во Советот каде се мнозинство, но не сакаа.
  • ​ВМРО/ВЛЕН не дозволија нова механизација и вработување на чистачи и управувачи со механизација во „Комунална хигиена Скопје“.
  • ​ВМРО/ВЛЕН 4 години го управуваат „Комунална хигиена Скопје“, ЈСП, СИТЕ јавни претпријатија, јавни установи и училишта.

​На крајот, таа иронично заклучи: „Убаво сте излезени на сликава важно!“.