​Дарио Ивановски го заврши маратонот во Токио на 58-то место, тренерот Јакимовски задоволен

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го заврши маратонот на Светското првенство во Токио, освојувајќи го 58-тото место со време од 02:26:31.

​Неговиот тренер, Игор Јакимовски, во објава на социјалните мрежи изјави дека Ивановски успешно и достоинствено ја претставил Македонија на овој глобален спортски собир.

​Јакимовски потенцираше дека условите за маратонот биле „ненормални“, алудирајќи на екстремната влажност, поради што многу од фаворитите се откажале од трката.

​„Ви гарантирам дека тој во вакви ненормални услови за маратон го даде својот максимум и јавноста нека оцени слободно за неговиот резултат и освоено место“, напиша Јакимовски.

​На крајот, тој му оддаде јавно признание и почит на Дарио за финишираниот маратон и се заблагодари за поддршката.