Двајца возачи лишени од слобода во Струга поради возење под дејство на алкохол

Полицијата во Струга лиши од слобода двајца возачи кои управувале возила под дејство на алкохол.

​На 13 август во 03:10 часот, на улицата „15 Корпус“ во Струга, А.С. (21) од Струга бил уапсен по сообраќајна незгода. Полициските службеници утврдиле дека тој управувал возило со 1,72 промили алкохол во крвта. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување моторно возило“.

​На 14 август во 01:55 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, полицијата го запрела Н.М. (29) од селото Радолишта. При контрола, било утврдено дека тој управувал возило со 1,63 промили алкохол во крвта. Исто така, против него ќе биде поднесена кривична пријава по истиот член од Кривичниот законик.

​И на двајцата возачи им е одземено правото на управување возило.