Двајца кандидати за советници од СДСМ во Неготино ќе донираат 34.000 евра од паушали за хуманитарни цели

Носителот на советничката листа на СДСМ и коалицијата во Неготино, Вуле Младеновиќ, и кандидатката за советничка, Елеонора Настова Димова, најавија дека ќе ги донираат сите свои советнички паушали во текот на целиот четиригодишен мандат за хуманитарни цели и во корист на граѓаните на Неготино.

​Со оваа иницијатива, двајцата кандидати, доколку бидат избрани, ќе се откажат од вкупна сума од околу 34.000 евра. Месечните советнички примања изнесуваат околу 22.000 денари по советник.

​Вуле Младеновиќ, дипломиран доктор по ветеринарна медицина, нагласи дека неговите примања ќе бидат донирани „во полза на општината“.

​„Повеќе од доволно знам како е да немаш, и тоа е најмалку што можам да направам. Ги повикувам и останатите кандидати, од цела држава, да го следат овој пример,“ порача Младеновиќ.

​Иницијативата е целосно поддржана од Елеонора Настова Димова, дипломиран психолог, а донираните средства ќе бидат насочени таму каде што се најнеопходни за граѓаните и заедницата.