​Двајца росоманци приведени поради закани кон градоначалникот на Кавадарци

Полицијата денеска рано утринава, во Росоман, привела двајца мажи по претходна пријава за закани кон градоначалникот на општина Кавадарци, Митко Јанчев, и неговото семејство.

​Според Министерството за внатрешни работи (МВР), полициските службеници привеле двајца росоманци на возраст од 32 и 34 години. Подоцна, со судска наредба, биле извршени претреси во нивните домови, при што се пронајдени и одземени мобилни телефони.

​Двајцата приведени се задржани во полициска станица, а за случајот е известен и јавен обвинител. МВР најави дека по целосното расчистување на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.