Двајца турски државјани уапсени во Скопје за изнуда на 40.000 евра

​На 29.09.2025 година, во 18:40 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, полицијата лиши од слобода двајца турски државјани, Е.О. (29) и Е.А. (22), поради сомневање за изнуда.

​Тие биле затекнати при примање на 40.000 евра од нивниот сонародник Х.Џ.Ч. (26), кој е со привремен престој во Скопје. Парите претходно биле кримтехнички обработени.

​Според пријавата, Х.Џ.Ч. неколку дена бил изложен на постојани закани со убиство од лицето Б.О. од Турција, кое живее во Обединетите Арапски Емирати, доколку не исплати пари. Пред примопредавањето, на Х.Џ.Ч. му се јавил Е.О. и го известил дека парите треба да ги даде нему и дека на договореното место ќе дојде со уште едно лице.

​Двајцата уапсени се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава за „изнуда“.