Две жени нападнале 21-годишна девојка во Штип, а инцидентот се случил во саботата околу 22 часот. Според полицијата, додека жртвата се движела низ градот, била пресретната од две жени. Едната од нив, 28-годишна жителка на Кочани, насилно ја внела во автомобил, кој го управувала другата жена.
Насилството продолжило во една од штипските населби, каде девојката била физички нападната. За време на нападот, осомничената го снимала инцидентот со својот мобилен телефон.
Утрото по настанот, полицијата од Кочани ја привела 28-годишната жена. Случајот е документиран и расчистен, а против неа ќе биде поднесена кривична пријава.