Полицијата синоќа уапси две лица, Г.С. (42) и К.В. (31), откако при претрес во стан во општина Аеродром пронајде дрога.
Претресот бил извршен со судска наредба, а во станот, кој го користел Г.С., била затекната и К.В.
Полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје пронашле и одзеле:
- Две таблети
- Марихуана
- Грутчеста бела материја
- Дигитална вага
По целосно документирање на случајот, против двете лица ќе бидат поднесени соодветни пријави.