Деби на Шкендија во Конференциската лига: Тренерот Беќири најави максимална борба против Рајо Ваљекано

Македонскиот фудбалски првак Шкендија вечерва го игра својот дебитантски натпревар во главната фаза на Конференциската лига. Тимот од Тетово во Мадрид му гостува на шпанскиот прволигаш Рајо Ваљекано. Натпреварот на стадионот „Ваљехас“ започнува во 18:45 часот.

​Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, пред дуелот ја истакна историската важност на моментот за клубот и предизвикот што го носи шпанскиот противник.

​„Ова е важен натпревар за сите нас, за клубот. Историски е ова е нашето деби во Конференциската лига. Исто така, е исклучително што ќе играме против екипа од еден многу респектиран шампионат,“ рече Беќири.

​Зборувајќи за противникот, Беќири нагласи дека Рајо Ваљекано е тим со голем квалитет:

  • ​За противникот: „Верувам дека не би било коректно да издвојам еден фудбалер на Рајо Вајекано, затоа што имаат многу квалитетни играчи и би сакал да ги почитувам сите.“
  • ​Стил на игра: „Што се однесува до играта, тие се агресивни, играат модерен фудбал и атмосферата што се создава овде на стадионот секогаш е извонредна.“

​Беќири призна дека тимот не е навикнат на вакво ниво на конкуренција, но вети максимална посветеност: „За нас е важно да имаме добра игра, да се обидеме да го дадеме максимумот. Вистина е дека не сме се соочиле со тимови од вакво ниво, од ваква лига каква што е Ла Лига, која според мене е најсилниот шампионат во светот.“