По повод 8 Септември – Денот на независноста, владина делегација предводена од министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска положи свежо цвеќе пред спомениците на поранешните претседатели Киро Глигоров и Борис Трајковски, како и на споменикот на првиот премиер, Никола Кљусев.
Според Владата, со овој чин им е оддадена почит на нивниот придонес во темелите и развојот на современата македонска држава.
Настанот беше симбол на благодарност и потсетување на вредностите на независноста, единството и демократијата, кои продолжуваат да ја водат земјата и денес.