Партиска делегација на СДСМ денеска во Прилеп, по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците од НОБ, истакнувајќи дека СДСМ е наследник на антифашистичките идеали и вредности.
Делегацијата беше предводена од заменик-претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно со кандидатката за градоначалничка на Прилеп, Петра Лукаровска, членот на Извршниот одбор Филип Секуловски, како и пратеникот Миле Талески.
Тие положија цвеќе пред:
- Спомен-обележјето на борците од НОБ.
- Споменикот на Методија Андонов-Ченто.
- Споменикот на Кузман Јосифоски-Питу.
- Могилата на непобедените.
Од СДСМ порачаа дека темелите на македонската државност почиваат на антифашистичката борба, чии идеали обезбедија денеска да се живее во слободна, модерна и демократска држава.
„Да живее 11 Октомври, Денот на народното востание!“, заврши соопштението.