ДЕМАНТ И ИЗВИНУВАЊЕ

Во согласност со законските прописи и по добиен демант од Бобан Карапејовски, јавно се извинуваме за објавената невистинита информација која се однесува на неговата личност.

​Тврдењето дека „Бобан Карапејовски цицал пари од фондацијата Блаже Конески“ е неточно.

​Демантот од Бобан Карапејовски го пренесуваме во целост:

​Почитувани,

​На вашата веб-страница сте објавиле дека сум „цицал пари од фондацијата Блаже Конески“.

​Сакам да ве информирам дека таква фондација не постои, па соодветно на тоа и никој не можел ни да земе, а камоли да „цица“ пари.

​Ве замолувам во најкраток можен рок (соодветно на законските прописи, во следните 24 часа), да објавите извинување и демант на објавените гнасни инсинуации. Во спротивно, ќе морам да ги преземам сите законски можности за заштита на честа и угледот, кои ги нарушувате на овој начин.

​Поздрав,

Бобан Карапејовски

​Извинување од Редакцијата:

​Редакцијата се извинува на Бобан Карапејовски за ненамерното објавување на невистинита информација, базирана на неточен изворен текст. Го прифаќаме демантот и потврдуваме дека Фондација „Блаже Конески“ не постои, и соодветно на тоа, наведените наводи се неточни и го нарушуваат угледот и честа на г. Карапејовски. Информацијата е отстранета од претходно објавениот текст.