Денес дожд, на Запад пообилни врнежи, во сабота стабилизација

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде локално се очекува да наврнат и над 25 литри на метар квадратен. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

​Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

​Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, повремено пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, со минимална температура до 12 степени и максимална до 14 степени.

​Според УХМР, во сабота времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Потоа следува претежно стабилно време со потпросечни температури за овој период од годината.