Свети маченик Виктор пострадал во Марсеј, во 3 век.
По тешки измачувања, бил фрлен во затвор, каде што успеал да ги обрати во верата Христова своите чувари. Потоа бил распнат на крст.
„Те удостои Спасителот, крсна смрт маченичка да вкусиш, о Викторе свети, заради името Негово Богочовечко, и награден беше со венец на слава небесна заради трпението во маките. Денес измоли од Господ благодат света спасоносна за душите наши.“