Дербито Шкупи – Вардар ќе се игра во Струмица

Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар, во рамките на четвртото коло од Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ), ќе се одигра утре, на 29 август, на стадионот „Младост“ во Струмица, со почеток во 16:30 часот.

​Шкупи ја избра Струмица како алтернативен домашен терен, откако Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) објави дека стадионот Чаир сè уште не ги исполнува стандардите за користење на ВАР-технологија и за организација на натпревар од ПМФЛ.

​Информацијата ја потврди и ФФМ, која преку соопштение ја извести јавноста за промената на локацијата.