Дејан Трајковски: Ѓорче Петров има сила за промени, да покажеме дека е наш дом, а не партиска територија

Носителот на советничката листа на СДСМ во Општина Ѓорче Петров, Дејан Трајковски, испрати порака до граѓаните да излезат на избори со крената глава и да ја поддржат листата, нагласувајќи дека луѓето се најголемата моќ на општината и дека таа заслужува просперитет и развој.

​Трајковски потенцираше дека Ѓорче има „вредни луѓе, млади со идеи, полни со ентузијазам“ и семејства што веруваат во подобра иднина.

​Тој ги повика граѓаните да ја поддржат советничката листа на СДСМ, опишувајќи ги кандидатите како „луѓе со душа, што имаат срце – чесни луѓе што никогаш… нема да ве изневерат“ и кои ќе бидат секој ден со народот.

​Трајковски нагласи дека Ѓорче Петров заслужува луѓе што „не се кријат зад партијата, туку стојат исправени пред народот“.

​„Да покажеме дека Ѓорче не е ничија партиска територија, туку наш дом – дом на сите нас што живееме тука, секој ден. Верувам во вас, верувам во нашето заедништво, и знам дека можеме да го промениме Ѓорче чекор по чекор, улица по улица,“ рече тој.

​Крајната цел, според Трајковски, е да се направи општина што ќе чекори напред, ќе биде попросперитетна, поуспешна и со „европски шмек!“.