​Дејан Трајковски – Џонсон, носител на советничката листа на СДСМ во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров од СДСМ го претстави Дејан Трајковски, попознат како Џонсон, како носител на победничката листа на советници.

​Џонсон е пензиониран началник на сообраќајната полиција со долгогодишно искуство во безбедноста. Според објавата, тој е познат по својата посветеност, чесност и искрена желба да ги решава проблемите на граѓаните.

​„Јас, Џонсон и кандидатите на советничката листа сме тим кој ќе работи чесно, одговорно и посветено за нашата општина. Не ветуваме чуда, ама ветуваме многу работа и упорност за Ѓорче да го направиме подобро место за живеење!“, се вели во објавата.