Државната изборна комисија (ДИК) едногласно го заклучи Избирачкиот список за локалните избори во 2025 година, со вкупно 1.832.415 избирачи. Ова претставува раст од 7.551 избирач во споредба со изборите во 2021 година.
Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, информираше дека се забележува раст и на бројот на запишани избирачи на привремена работа или престој во странство (112.000), како и на лицата во казнено-поправните домови и во домовите за стари лица.