Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, објави дека државниот буџет во јули забележал највисока месечна наплата досега, со рекордни приходи од даноци, акцизи и увозни давачки.
Во споредба со истиот месец лани:
- Даночни приходи и придонеси пораснале за 7,4%
- Приходите од акцизи пораснале за 5,7%
- Увозните давачки скокнале за дури 19,2%
„Ова се резултати на ефикасна, одговорна и професионална работа. Продолжуваме посветено, со поддршка за стопанството и грижа за секој денар на граѓаните“, порача Димитриеска-Кочоска.
Финансиската стабилност и одржливиот економски раст се фокус уште од првата година од мандатот — и веќе се гледаат резултатите.