Директорот на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), Александар Јанев, денеска ги посети Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово. Целта на посетите беше да се информира за активностите на терен и да даде поддршка на полициските службеници.
Во Кочани, Јанев изјави дека постојано дава лична поддршка на раководството и колегите, и нагласи дека се ангажираат полицајци од други градови за да помогнат. Целта е да се испорача безбедност и да се возобнови довербата на заедницата во полицијата преку „заедништво, транспарентност и блискост“.
Јанев беше и во Берово, каде што со раководството и полицајците ја анализираа актуелната состојба и предизвиците. Тој порача дека нема да се дозволи криминалот и поединците кои го нарушуваат мирот да го уништат заедништвото и довербата што се гради со напорна и чесна работа.