Во Собранието на Република Северна Македонија денеска беа доделени државните награди „8 Септември“, највисоко признание за животно дело и за остварувања во областа на спортот за 2025 година.
Највисокото признание за животно дело му припадна на селекторот на македонската одбојкарска репрезентација, Јошко Миленкоски.
Награди за посебни остварувања во спортот добија:
- Новинарот Кирил Манев
- Фудбалскиот судија Зоран Николовски
- Спортскиот лекар Виктор Тевчев
- Претседателот на Пеливанската федерација, Хамид Бакија