Додик и официјално го загуби мандатот, Судот ја потврди одлуката на ЦИК

Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина денеска ја отфрли жалбата на Милорад Додик и ја потврди одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) со која му се одзема мандатот на претседател на Република Српска.

​Според медиумите во Сараево, со оваа одлука, Додик и официјално повеќе не ја извршува функцијата, а ЦИК е должна да распише предвремени избори за претседател на ентитетот.

​Судот во своето образложение наведе дека мандатот на избраниот функционер завршува на денот на правосилност на пресудата со која е осуден на затворска казна од најмалку 6 месеци. Во случајот на Додик, тоа е 12 јуни 2025 година, кога била донесена второстепената пресуда. Судот ги отфрли тврдењата за ретроактивна примена на законот, нагласувајќи дека пресудата е правосилна од денот на нејзиното донесување.