Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека американскиот милијардер Џорџ Сорос и неговите организации стојат зад „обоените револуции“ што се спроведуваат денес во Србија и во други земји.
Во подкаст со американската новинарка Лара Логан, Додик ги нарече активностите на Сорос „криминален потфат“.
„Тие ги користеа легалните средства на американските даночни обврзници за да се справат со државите и властите низ целиот свет, бидејќи тие не им одговараа“, предупреди Додик.
Тој оцени дека „Сорос е негативец кој треба да биде забранет“, а неговите организации ги спореди со „фашистите“. Додик, исто така, го спомена и високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, велејќи дека тој е единствената личност во Европа која по Адолф Хитлер вовела закони.