Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ја замени едногодишната затворска казна со парична, откако беше осуден за непочитување на одлуките на високиот претставник Кристијан Шмит.
Според соопштението од Судот на БиХ, на предлог на одбраната и со согласност на Обвинителството, затворската казна е заменета со парична. Додик платил 36.500 КМ (околу 18.600 евра), односно по 100 КМ за секој ден што требало да го помине во затвор.