Партијата Демократска обнова на Македонија (ДОМ) официјално ја напушта коалицијата со СДСМ, најавувајќи нова политичка насока базирана на самостојност, вредносна доследност и партнерство со граѓанскиот сектор. Одлуката е донесена на седница на Централниот одбор на партијата одржана на 21 јуни.
„Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока“, порачуваат од ДОМ, нагласувајќи дека коалициите треба да бидат алатка за реализација на заеднички цели, а не простор за игнорирање на граѓанскиот глас.
Партијата ја најави и формирањето на „Коалиција за зелена иднина“ – отворена платформа за поддршка на локални, независни кандидати со интегритет, насочена кон градење на праведно, еколошко и европско општество.
Како трет чекор, ДОМ одлучи на претстојните локални избори да настапи без партнери од традиционалните политички кругови, фокусирајќи се на автентични локални иницијативи и граѓанска соработка.
Со оваа серија одлуки, ДОМ прави обид за редефинирање на политичкото делување во Македонија – без компромиси со елитите, и со целосна поддршка за народот.
Повикот е јасен: „Да влијаеме заедно, да делуваме здружено и да ја изградиме зелената иднина на Македонија.“