Американскиот претседател Доналд Трамп, придружуван од неговата сопруга Меланија, пристигна синоќа во државна посета на Велика Британија, објави Би-Би-Си.
Ова е втора државна посета на Трамп, откако првата се одржа во 2019 година. Тогаш негов домаќин беше кралицата Елизабета Втора, а овој пат ќе биде пречекан од кралот Чарлс III.
По слетувањето на аеродромот Станстед, Трамп беше пречекан од британската министерка за надворешни работи, Ивет Купер.
Посетата, која ќе трае два дена, е обележана со голем број церемонијални настани. Пред да замине од Вашингтон, Трамп изјави дека е „голема чест“ за него да биде првиот американски претседател поканет на втора државна посета на Велика Британија.