Доналд Трамп го потпиша првиот мировен план за Газа: Овојпат ќе опстане

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го потпиша првиот мировен план за Појасот Газа на самитот во Египет, изразувајќи увереност дека договорот ќе донесе траен мир во регионот.

​За време на церемонијата на потпишување, Трамп истакна дека ова е историски момент: „Поминаа 3.000 години за да се стигне до ова, можете ли да поверувате? И овојпат ќе опстане.“

​По Трамп, документот го потпишаа и претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси, и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

​Американскиот претседател го оцени договорот како „неверојатен ден за светот“, додавајќи дека неговото значење е толку големо што ќе ја спречи Третата светска војна, која, според него, можела да избие на Блискиот Исток.