Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума ја освои наградата „Лав Јашин“ за најдобар голман во светот на 69. церемонија за доделување на Златната топка во Париз.
Донарума минатата сезона со Пари Сен Жермен ги освои Лигата на шампионите, Лига 1, Суперкупот и Купот на Франција.
Ова лето, тој се пресели во Манчестер Сити за 40 милиони евра, бидејќи влегуваше во последната година од договорот со ПСЖ и не сакаше да го продолжи.
Ова е вторпат Донарума да биде прогласен за најдобар голман. Првата награда „Лав Јашин“ ја освои во 2021 година, кога со репрезентацијата на Италија стана европски првак.