Дојава за бомба кај Милорад Додик во Бања Лука, полицијата врши увид

​Утрово во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.

​Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.

​Претходно изутрината, пријава за бомба била примена и за хотелот „Палас“ во Бања Лука, но Министерството за внатрешни работи на РС утврдило дека станува збор за лажна пријава.