Министерството за енергетика започна јавен оглас за доделување енергетски ефикасни клима-уреди на ранливи категории граѓани
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини објави нова мерка за поддршка на ранливите категории население, со која ќе се распределуваат инвертер клима-уреди за потребите на домаќинства со низок приход.
Според јавниот оглас кој е веќе во сила, сите домаќинства кои исполнуваат услови според Програмата за заштита на ранливите потрошувачи на енергија за 2025 година (објавена во „Службен весник на РСМ“ бр. 161/25), ќе имаат можност бесплатно да добијат вграден инвертер клима-уред од 3,5 kW, со енергетска класа најмалку А+.
„Овие уреди обезбедуваат висока енергетска ефикасност и значително ќе ги намалат трошоците за електрична енергија, а во исто време ќе го подобрат квалитетот на живеење токму онаму каде што е најпотребно,“ соопштуваат од Министерството.
Рокот за пријавување е 60 дена од објавата на огласот во дневен весник.
Сите информации, критериуми и потребни обрасци се достапни на официјалната веб-страница: www.energy.gov.mk