Дудуш се правда за „Ајфон 17 Про Макс“: Телефонот не е мој, целта беше бесплатна реклама за бројот 17

Актуелниот градоначалник на Шуто Оризари и кандидат за нов мандат од „Унија на Ромите“, Курто Дудуш, ја објасни причината за фотографијата на која позира со наводен „Ајфон 17 Про Макс“, телефон чија вредност е над 1.000 евра.

​Дудуш преку социјалните мрежи појасни дека телефонот не е негов, туку на неговиот братучед, Алмир Дудуш, кој е познат бизнисмен во Шуто Оризари.

​Тој тврди дека користењето на скапиот телефон како визуелен елемент било намерно и претставувало маркетиншки трик за промовирање на неговиот изборен број.

​„Медиумите веднаш загризале и се фокусирале на сликата, наместо на програмските идеи и проекти… Целта е остварена – бесплатна реклама на изборниот број 17“, објасни Дудуш.