​ДУИ : Изет поднеси оставка и излези на избори како рамноправен кандидат

На прес-конференција, Демократската унија за интеграција (ДУИ) упати остра порака до Изет Меџити, кандидат за градоначалник на Чаир од редовите на ВЛЕН. Претставничката на партијата, Имране Велиу, го повика Меџити да поднесе оставка од функциите заменик-претседател на Владата и министер за екологија.

​„Овој негов став е доказ за стравот од катастрофалниот пораз што го очекува на 19 октомври“, порача Велиу.

​ДУИ го предизвика Меџити „да се откаже од функциите и да излезе на избори рамноправно, без привилегии на власта и без злоупотреба на државни ресурси“. Според Велиу, Меџити е „зависен од власта, а не од слободната волја на граѓаните“.

​Партијата потсети дека жителите на Чаир не ги заборавиле „двете децении на неисполнети ветувања, нефункционална инфраструктура, деградација на урбаниот простор и недостиг на инвестиции“. ДУИ тврди дека Чаир бил „заложник на лични и клановски интереси“ и дека граѓаните биле третирани како „само бројки за гласови“.

​На крајот, ДУИ изрази уверување дека на 19 октомври граѓаните ќе испратат порака за „крај на измамите, крај на злоупотребите, крај на вечната власт на Изет Меџити!“.