Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска излезе со жестока реакција кон коалицијата „Вреди“, обвинувајќи ги за низа неисполнети ветувања и неуспеси. Во соопштението, ДУИ наведува дека „Вреди“ ја претворила политиката во серија лаги и манипулации, доведувајќи ги Албанците во понижувачка положба.
„Излажаа за Уставот“
ДУИ тврди дека „Вреди“ постојано давала лажни ветувања за уставните измени, кои се клучни за европскиот пат на земјата.
Ветување 1: Уставни измени веднаш по конституирањето на Собранието. Неисполнето.
Ветување 2: Уставни измени во првите 100 дена од Владата. Неисполнето.
Ветување 3: Уставни измени во првите три месеци. Неисполнето.
Ветување 4: Уставни измени во првото полугодие. Неисполнето.
ДУИ потсетува дека „Вреди“ ветила дека ќе ја напушти Владата ако не ги спроведе уставните измени, но и ова ветување не е исполнето.
„Вреди“ донесе понижување и ‘Српски свет’“
Според ДУИ, наместо да ги остварат ветените европски интеграции, коалицијата „Вреди“ донела „Српски свет“, со соработка со лидери како Милорад Додик и Александар Вучиќ. ДУИ ја обвинува „Вреди“ за „невидена неспособност, сервилност и вазалство“.
Во соопштението, ДУИ прави споредба помеѓу ветувањата на „Вреди“ и реалните резултати:
Ветено: 2.500 вработувања. Резултат: Нула.
Ветено: 10.000 евра за секој граѓанин. Резултат: Нула.
Ветено: Академија на албанските науки. Резултат: Додик.
Ветено: Албанска банка. Резултат: Српска банка.
Ветено: Европска интеграција. Резултат: „Српски свет“.
Ветено: Национални програми. Резултат: Српски МТЕЛ.
На крајот, ДУИ заклучува дека „Вреди“ е голема политичка измама која скапо ги чини Албанците, кои од горд народ се претворени во „понижен, презрен и исклучен народ“. Соопштението завршува со порака дека граѓаните го очекуваат октомври, кога ќе има „народен референдум“ за чесно и достојно претставување.