Српскиот репрезентативец Душан Тадиќ ќе ја продолжи својата кариера во Обединетите Арапски Емирати, откако постигна договор со клубот Ал Вахда.
Иако во текот на летниот преоден рок се поврзуваше со Атлетико Мадрид и Црвена звезда, поранешниот играч на Ајакс и Фенербахче се реши за нов предизвик на Блискиот Исток. Договорот со Ал Вахда е потпишан на една година со можност за продолжување уште една.
Во изминатата сезона, Ал Вахда го заврши првенството на третото место, што беше оценето како разочарување. Клубот реагираше со ангажман на португалскиот тренер Жозе Мораиш, а Тадиќ е доведен како прва ѕвезда во обидот за титула.
Со своето искуство и квалитет, 35-годишниот Тадиќ треба да биде клучен играч во амбициозниот проект на емиратскиот клуб.