Душко Чифлиганец се бори за живот по тешка несреќа на мото трка во Чешка

Познатиот македонски претприемач и љубител на мотоциклизмот Душко Чифлиганец се бори за живот по здобиени повреди по несреќа на брзинска мотоциклистичка трка на автодромот во Брно, Чешка.

Според информации на организаторите, Чифлиганец изгубил контрола врз моторот во една од високобрзинските свиоци, излетал од патеката и се здобил со тешка трауматска повреда на главата.

Душко Чифлиганец е генерален менаџер на фирмата „Адора”. Долги години живее во Дубаи, каде заврши и дел од високото образование.