​Д-р Нико Беќаровски објасни зошто не се огласил за пожарот: Татковината се сака со дела, не со зборови

Доктор Нико Беќаровски, кој вообичаено коментира за актуелни настани, појасни зошто не се огласи веднаш по пожарот во Трубарево. Во објава на својот Фејсбук профил, тој истакна дека бил дежурен на Клиниката за токсикологија, каде што се третирале лица изложени на загадување од пожарите.

​Д-р Беќаровски открива дека во цела Македонија има само тројца клинички токсиколози и две супспецијализантки. Со оглед на рапидниот раст на акутни труења и злоупотреба на психоактивни супстанции, тој потенцира дека потребата од неговиот профил на доктори е огромна.

​„Дебатите по телевизии и социјалните мрежи, ќе ги препуштам на колегите теоретичари и медиумските парадери, кои веќе излегуваат и од ‘вашите фрижидери’, јас морам да одморам до следното дежурство (5) петто во месец септември!!!“, напиша Беќаровски.

​Својата објава ја заврши со порака дека „татковината се сака со дела и работа, не со зборови и празни фрази“.