Евакуирани училишта во Скопје поради дојави за бомби

Неколку скопски училиштаутрово беа евакуирани поради анонимни дојави за бомби.

Според достапните информации, најмалку шест училишта низ главниот град биле испразнети како мерка на претпазливост поради дојави за присуство на експлозивни направи.

Во општина Аеродром биле евакуирани шест училишта, меѓу кои и ОУ „Александар Трети Македонски“. Дополнително, извори наведуваат дека најмалку едно училиште во населбата Железара, ОУ „Григор Прличев“, било испразнето од учениците и персоналот. Дојави за бомби имало и во ОУ „Петар З. Пенко“ во Бутел.

Во текот на 2022 година, училиштата низ земјава беа честа мета на анонимни дојави за бомби. По овие инциденти, Министерството за внатрешни работи ги измени протоколите за постапување, дозволувајќи наставата да продолжи откако ќе се утврди дека дојавите се лажни.