Европската Унија ја ослободи првата транша средства за Македонија

Европската Унија ѝ ги исплати средствата од првата транша на Северна Македонија во рамките на Инструментот за реформи и раст за Западен Балкан. Според соопштението на Министерството за европски прашања, земјата добила вкупно околу 8 милиони евра, од кои дел се неповратна помош, а дел се заем.

​Конкретно, исплатени се:

  • ​2,3 милиони евра како неповратна помош.
  • ​2 милиони евра како заем, достапен преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.
  • ​3,7 милиони евра како преостанат дел од заемот за директна буџетска поддршка.

​Овие средства се доделени врз основа на исполнувањето на дел од реформите предвидени во Реформската агенда 2024-2027.

​Барањето за исплата, поднесено од министерот за европски прашања Орхан Муртезани, опфати реформи во неколку клучни области: јавни финансии, енергетика, деловна средина и владеење на правото.

​Европската комисија оцени дека целосно се исполнети два чекори:

  • ​Донесувањето на Законот за јавна внатрешна финансиска контрола.
  • ​Измените на Законот за трговски друштва.

​Ова исполнување претставува 40 отсто реализација на планираните реформи, односно 50 отсто од средствата. За останатите чекори, Македонија доби „грејс период“ до декември 2026 година за да ги реализира и да ги добие преостанатите средства од вкупно алоцираните 17,1 милиони евра.