Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, најави дека е постигнат договор со основачот на „Егзит“, Душан Ковачевиќ, за фестивалот да дојде во Скопје од следната година.
Во својата објава, Ѓорѓиевски изрази задоволство што Скопје ќе стане нова дестинација на една од водечките европски фестивалски групи.
Тој е убеден дека брендот „Егзит“ значително ќе го зголеми квалитетот на забавниот живот и културната понуда на градот, ставајќи го Скопје на мапата на топ-дестинации за голем број туристи.